Најтрофејниот грчки тим, Панатинаикос, официјално го ангажираше српскиот бек Немања Недовиќ. Поранешниот кошаркар на Олимпија Милано ова лето е слободен агент и како таков следната сезона ќе го носи зелениот дрес на славниот клуб од Атина.
Дваесет и деветогидшниот Недовиќ, имаше опција да се врати во АБА Лигата, но добрата понуда од ПАО го премисли и пресели во престолнината на европската клупска кошарка.
Недовиќ ќе биде своевидна замена за Ник Калатес, кој потпиша договор со Барселона и Џимер Фредет, кој не се најде во плановите на тренерот Воворас за 2020/21 година.
Изминатата натпреварувачка година, Недовиќ забележа 7.9 поени во просек по натпревар.