Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за зголемување на малопродажниоте цени на нафтените деривати.
Од вечерва на полноќ малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-98 се зголемува за 0,50 денар за литар и ќе изнесува 63,50 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-95 и Еуродизел се зголемуваат за 1,00 денар/ литар и со тоа малопродажната цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 61,50 ден/лит, а цената на Еуродизел ќе изнесува 53,50 ден/лит.
Цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 ден за литар и ќе изнесува 53,00 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,605 ден/кг и од вечерва на полноќ ќе изнесува 26,585 ден/кг.