Пронајден починат на својата тераса 31-годишен штипјанец – ММС
ММС

Објавено на: 07/13/20 1:09 PM

Пронајден починат на својата тераса 31-годишен штипјанец

Починат маж бил пронајден на тераса од стан во штипската населба „8 Ноември“. Според СВР Штип, синоќа (12.07.2020) во 20.46 часот , било пријавено дека на тераса од стан на ул.„Булевар ЈНА“ во Штип бил пронајден починат Ж.М.(31) од Штип.

Од страна на доктор од Итна медицинска помош Штип било констатирано дека на телото на починатиот нема траги на насилство и било предадено за погреб. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип, информираат од полицијата.