Гласањето во Чаир се уште не е почнато, се проверува материјалот за гласање – ММС
ММС

Објавено на: 07/13/20 12:30 PM

Гласањето во Чаир се уште не е почнато, се проверува материјалот за гласање

Гласањето на лицата со Ковид-19 и лицата во самоизолација во општина Чаир сè уште не е започнато. Причината за доцнењето е проверката на материјалите за гласање од страна на членовите на изборната комисија.

Одложувањето предизвика револт кај останатите членови, бидејќи чекаат од 10 часот наутро, јавуваат од телевизија 21.