Првпат во историјата: Афроамериканка ќе управува со борбен авион – ММС
ММС

Објавено на: 07/13/20 10:11 AM

Првпат во историјата: Афроамериканка ќе управува со борбен авион

Воената морнарица на САД соопшти дека ја добила првата Афроамериканка пилот на борбен авион. „Првата црна дама – пилот“ е Медлин Свегл, пренесува Гласот на Америка.

Откако дипломирала во 2017 година, таа неодмана ги завршила тренинзите на тактички авиони и го освоила обележјето „Златни крилја“.