Мурињо останува без пораз на домашен терен од Арсенал и ги задржува теоретските шанси за ЛШ – ММС
ММС

Објавено на: 07/13/20 9:35 AM

Мурињо останува без пораз на домашен терен од Арсенал и ги задржува теоретските шанси за ЛШ

Дербито на северен Лондон помеѓу Тотенхем и Арсенал, заврши со победа на домаќинот од 2:1. Топџиите релативно рано го отворија резултатот со прекрасниот погодок на Александар Лаказет. Радоста на гостите не траеше долго, откако поранешниот играч на Баер Леверкузен, Сон, избега на одбраната на Арсенал, го помина Емилијано Мартинез и го изедначи резултатот.

Победничкиот гол за екипата на Жозе Мурињо го постигна дефанзивеот Тоби Алдервиелд, после одлично изведениот корнер на Сон. Со новите три бода, Тотенхем ги задржа теоретските шанси за пласман во Лигата на шампионите, додека пак Арсенал останува да се надева само за второто по квалитет натпреварувње, Европа Лига.

На табелата во Премиер Лигата, Тотенхем се наоѓа на осмата позиција на табелата со 52 поени, Арсенал е деветти со освоени 50.