Забранетата љубов меѓу Србинка и муслиман опстојува: Софија и Мустафа 62 години во брак – ММС
ММС

Објавено на: 07/13/20 9:15 AM

Забранетата љубов меѓу Србинка и муслиман опстојува: Софија и Мустафа 62 години во брак

Како девојка, Софија во 1953 година од Војводина првпат отишла во Тузла, Босна и Херцеговина, во посета на пријателки. Тоа и’ било прво самостојно патување, без семејството. Случајно, воТузла и останала. Таму се вработила, а го запознала и својот иден сопруг, кој во Тузла дошол од Биелина во потрага по работа.

Љубовта меѓу Мустафа денес на 89 години и Софија (87) во почетокот била забранета. Нејзините мајка и татко, а и семејството на Мустафа не сакале да слушнат за таков брак, Сепак, кога двете семејства виделе колку е силна нивната љубов, попуштиле, а подоцна таткото на Софија секогаш и’ велел во Војводина никогаш да не доаѓа без својот Мујо. Софија и Мустафа се горди родители на Дамир и Дајана и бројат 62 години брак. Тврдат дека љубовта е тоа што ги спојува.

„Секогаш бевме заедно. Првиот автомобил го купивме во 1964 година. Ја обиколивме Јуославија со нашите деца. Нема каде не сме биле. Но, секогаш заедно“, раскажува Софија за Радио „Слободна Европа“.

Животот никогаш не им бил лесен, но двајцата се уверенеи дека порано било многу поедноставно отколку денес.