Несреќа во Сомбор: Се откачил рингишпил, осум деца повредени, три потешко – ММС
ММС

Објавено на: 07/13/20 9:10 AM

Несреќа во Сомбор: Се откачил рингишпил, осум деца повредени, три потешко

Во селото Колут кај Сомбор во луна-парк се откачил рингишпил на кои во тој момент имало осум деца. Сите се повредени, а три тешко, јавуваат српски медиуми.

Сите деца биле однесени во сомборската болница каде што им е укажана медицинска помош. Полицијата и обвинители вршат истрага како дошло до инцидентот.