Дуда победи во вториот круг на претседателските избори во Полска – ММС
ММС

Објавено на: 07/13/20 9:07 AM

Дуда победи во вториот круг на претседателските избори во Полска

Анджеј Дуда победи на претседателските избори, покажуваат резултатите од 99,97 отсто од избирачките места. Дуда, сојузник на владејачката партија, според податоците на Националната изборна комисија објавени денеска, доби 51,2 отсто од гласовите. Шефот на Комисијата на прес-конференција изјави дека преостанатите гласови што треба да се пресметаат нема значително да го променат резултатот Градоначалникот на Варшава, либералот Рафал Тшасковски, кој е кандидат на најголемата опозициска партија – центристичката Граѓанска платформа, доби 48,8% од гласовите.

Гласањето се одржа според строги регулативи. Гласачите мораа да носат маски и ракавици, да одржуваат безбедно растојание и да користат средства за дезинфекција на рацете. Тие користеа свои пенкала за означување на гласачките ливчиња.