Американската актерка Кели Престон почина на 58-годишна возраст од рак на дојка, објави денес нејзиниот сопруг Џон Траволта.
Тој рече дека Престон починала по две години борба против болеста, пренесува АП.
“Ве известувам со тешко срце дека мојата убава сопруга Кели ја изгуби двегодишна битка со рак на дојка. Таа храбро се бореше со љубовта и поддршката на сите нас”, рече Траволта.
Таа беше во брак со Траволта беше 29 години и со него ја има ќерката Ела (20) и синот Бенџамин (9), додека синот Џет почина во 2009 година.
Кели е позната по улогите во филмовите „Близнаци“ и „Џери Мекгвајер“, а последниот филм што го сними беше „Последната песна“ со Мајли Сајрус.
Нивниот син Џет (16) починал за време на семеен одмор на Бахамите кога доживеал напад кој бил фатален за неговиот живот. И покрај очајните обиди да го оживеат, тинејџерот починал во семејниот дом на Бахамите, потврди тогаш адвокатот на семејството Траволта, Мајкл Оси. Според него, Џет и претходно имал напади.
Неговите родители во минатото изјавија дека Џет страдал од синдромот Кавасаки, ретка состојба која може да доведе до срцеви заболувања. Болеста Кавасаки е најчеста кај деца, со 80 проценти од пациентите на возраст од пет години, а почесто заболуваат момчиња отколку девојчиња.
Извор: b92.net
Фото: news.sky.com