Предвремените парламентарни избори во ќе ги следат новинарски екипи од петнаесеттина странски медиумски куќи.
За изборите од терен ќе известуваат 55 странски новинари кои добија акредитации од Државната изборна комисија.
Најбројна екипа од 18 новинари испраќа Ал Џезира Балкан, а свои тимови или новинари ќе имаат и Ројтерс, Франс Прес, Гласот на Америка, Асошиејтед прес, грчката националната телевизија ЕРТ, новинската агенција АНА-МПА, Њуз247, германскара АРД, Европската фото прес агенција – ЕПА, Турската радио телевизија, агенцијата Анадолија, Еуро њуз Албанија, Радио телевизија Косово, Би Би Си Србија и Ал Џезира на англиски јазик.
Повеќе странски медиуми ќе известуваат за изборите преку свои дописници во земјава.
MИА