Сончево со мала до умерена облачност и со максимална температура до 31 степен. Попладне претежно во западните подрачја ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен ќе биде вдолж Повардарието. УВ=8. Тоа е прогнозата на УХМР за денеска.
Утре времето ќе биде сончево со маскимална температура до 30 тепени. Потоа ќе следува сончево и нешто потопло време, а во попладневните часови на места ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд.



