Ако споделувањето детали за вашиот сексуален живот со странец ви се чини како нешто што може да го убие вашето либидо, не срамете се. Да се отворите кон некој за теми поврзани со интимниот живот може да биде навистина чудно, но доколку тој некој е психотерапевт, тоа може да донесе низа придобивки за вас. Откако ќе се охрабрите да зборувате со професионалец, колку и тоа да изгледа чудно, може да очекувате низа придобивки. Во продолжение, прочитајте кои се петте начини на кои психотерапија го подобрува сексуалниот живот, преку изјавите на луѓе кои веќе имаат вакво искуство.
Надминување на трауматично искуство
Преживувањето траума може да има влијание на долг рок, а надминувањето да биде тешко. Дваесет и седумгодишната, Хана била сексуално злоупотребена додека била дете. За своите мисли и чувства поврзани со таквата траума, таа зборувала со својот психотерапевт. Шесмесечната терапија имала ефект, бидејќи откако отворено зборувала за тоа, психотерапевтот и’ помогнал на сфати дека таа ситуација не се случила по нејзина вина. Всушност, за време на терапијата добила и домашна задача која и’ била од помош.
Мојот терапевт почна да ми дава предизвици, односно ме тераше да правам мали работи, како на пример да иницирам контакт со „безбедни луѓе“. Морав да направам листа на луѓето со кои се чувствувам безбедно, а домашната задача се состоеше во тоа да ги прегрнам, или на пример да ги потапкам по рамо. На почетокот го мразев тоа и сакав да го избегнам, но откако почнав да го правам, сфатив дека тоа е многу лесно – раскажува девојката.
Сега, Хана е во романтична врска и е спремна на чекори за кои претходно не била.
Враќање на контролата врз вашата сексуалност
Во текот на животот може да доживеете подеми и порази, кои би можеле да ви создадат чувство дека ја губите контролата над сопственото тело или над вашата сексуалност.
Триесетгодишната, Аманда се соочила со сексуална траума, но и со медицински проблеми поради кои не можела да почувствува сексуално задоволство, по што се упатила кај психотерапевт.
Барав терапија за да ја подобрам мојата состојба иако немав идеја како тоа би изгледало, односно функционирало. Терапијата ми помогна да воспоставам контрола над моето тело, над мозокот и сексуалноста. Сега сум способна да имам исполнет сексуален живот без да се плашам – признава Аманда.
Градење самодоверба
Самопочитта може да има големо влијание врз квалитетот на сексуалниот живот. Ако немате самодоверба, ќе ви биде тешко да излезете на рандеву, а уште потешко да се впуштите во сексуална активност.
Дваесет и петгодишната, Каролина имала ниска самодоверба. Нејзината најдобра пријателка ја убедила да закаже состанок со професионалец кој ќе може да и’ помогне.
„За кратко време почнав да се чувствувам многу поудобно на забавите. Се чинеше дека моите мисли станаа поорганизирани и можев да го контролирам сето тоа малку подобро “, објаснува таа.
„Следниот семестар имав поглема самодоверба и почнав да се чувствувам посекси, така што имав и секс без обврски. Претходно бев многу срамежлива, но сепак успеав да станам повеќе од тоа што сакав да бидам. Ако не го закажев тој состанок, којзнае дали некогаш ќе ги доживеев овие промени“, додава Каролина.
Подобра комуникација
Кога станува збор за сексуалните и романтични врски, комуникацијата е клучна. Дваесет и четиригодишниот, Адам вели дека учењето за тоа како да комуницира подобро, му помогнало да го изгради своето либидо:
„Работејќи на справување со мојата депресија и траумата од детството, станав посвесен за мојата сексуалност и сфатив како подобро да комуницирам. Понекогаш депресијата е поврзана со проблеми во комуницирањето. Справувањето со депресијата и ефектите од неа, со помош на психотерапевт, може да ви помогне во градењето вештини што ќе го променат начинот на кој разговарате со луѓето или барем со сексуалниот партнер. Исто така, може да научите како да бидете поефективни во конверзациите со пријателите, роднините или соработниците. Тоа е вин-вин ситуација!
Справувањето со сексуалната дисфункција
Сексуалната дисфункционалност е честа грижа во рамките на психотерапиите, но со сигурност е една од темите за кои слбодно може да разговарате со вашиот терапевт. Додека многу луѓе се срамат од ваквата дисфункционалнст, психотерапијата би можела да им помогне да ја надминат.
Дваесет и четиригодишната Тејлор има аноргазмија, односно нема доживеано оргазам. По неколкугодишно „страдање“ во тишина таа ѝ кажала на својата терапевтка за овој проблем.
„Мојот терапевт ми даде домашна задача и вежби, кои требаше да ги правам за да осознаам повеќе за моето тело и сексуалноста. Таа исто така ме научи да ја прифатам мојата состојба, бидејќи често се чувствував скршено поради неспособноста за оргазам. Учам да се фокусирам повеќе на чувствата и отколку на крајната цел“, раскажува девојката.
Извор: talkspace.com