Како да го препознаете сексуалниот манипулатор? – ММС
ММС

Објавено на: 07/13/20 9:31 PM

Како да го препознаете сексуалниот манипулатор?

Не сите врски се поставени на здрави темели. Една личност може да ја искористи својата моќ поставувајќи се авторитетно над личноста со која е во врска и тоа во ситуации кои нема право да ги контролира. Ваквата злоупотреба ја прави врската далеку од солидна, бидејќи подредената личност може да се обиде да создаде „изедначување“ преку иницирање секс.

Кои луѓе претставуваат сексуални манипулатори?

Лицето кое се обидува да ја искористи својата супериорност за да има сексуална корист од неговиот подреден партнер, може да се опише како сексуален манипулатор. Таквите луѓе се сексуално агресивни, а нивната цел е нивно сопствено сексуално задоволување. Тие не се грижат за интересите на другата личност и се водат само од сопствените фантазии и потребата за сексуална контрола. Силата, престижот и сексуалното искуство се нивно оружје со кое тие го манипулираат и експлоатираат својот застрашен или збунет партнер.

Сексуалните манипулатори најчесто имаат силен конкурентски дух и ги гледаат повеќето ситуации од аспект на победа и пораз. Во другите аспекти на животот, тие можат да бидат многу фокусирани и немилосрдни конкуренти – карактеристики кои инаку се вреднуваат во деловниот свет.

На личноста со таков карактер, победата не само што ѝ е важна туку ѝ е сѐ, дури и кога натпреварот е од сексуална природа.

Манипулаторите прват работите да функционираат на нивни начин.

Како сексуалните манипулатори победуваат над своите „жртви“?

За сексуален манипулатор, потерата може да трае многу долго. Може да започне со лични коментари поврзани со облека и изглед, што може да биде проследено со уште поконкретни сексуални коментари. Тие можат да започнат со, на пример, сексуални шеги.

И покрај неговото однесување, сексуалниот манипулатор обично е паметен и елоквентен за да го пренасочи првичниот отпор или приговор. Сексуалните манипулатори  измислуваат објаснувања и изговори за нивното однесување обидувајќи се вината да ја префрлат на нивната жртва. Колку повеќе е збунета жртвата, толку е подобра атмосферата за сексуална манипулација. Исто така, сексуалните манипулатори ќе ги искористат неискуството, несигурноста и конфузијата на другото лице затоа што ваквите реакции ги возбудуваат. Сексуалните манипулатори понекогаш можат да се најдат таму каде што најмалку ги очекуваме – и ако сте забележале некои од овие форми на однесување во вашата врска, многу е важно да се обидете да се оддалечите од таквата личност.

 

Извор: krenizdravo.hr