Со повеќе секс дома до поголема продуктивност на работа – ММС
ММС

Објавено на: 07/13/20 10:25 PM

Со повеќе секс дома до поголема продуктивност на работа

Здравиот сексуален живот може да донесе повеќе продуктивност на работното место. Едно истражување посветено на работата и сексуалните навики, во кое учествувале 159 вработени покажува дека луѓето чијшто домашен секс е високо на нивниот приоритетен список, функционираат подобро на работното место. Кај нив исто така, поголема е веројатноста за уживање во деловниот живот.

Кит Левит, вонреден професор на Државниот универзитет во Орегон и автор на студијата објавена во „Journal of Management“, вели: „Одржувањето на здрав однос кој вклучува здрав сексуален живот им помага на вработените да најдат задоволство од работата и да се задлабочат во извршувањето на задачите“.

Стресот на работното место се рефлектира во приватниот и сексуалниот живот

Студијата исто така покажува дека носењето дома на проблемите поврзани со деловниот живот, негативно влијае на сексуалниот живот. Во ера на паметни телефони, електронската пошта пристигнува дури и по работното време и одговорите честопати се очекуваат веднаш. Во такви околности, кога работата не останува на работното место, но се меша со приватниот живот, страда и брачниот секс, што негативно влијае на деловните перформанси.

Сексуалното задоволство го активира ослободувањето на допамин, невротрансмитер поврзан со центарот на задоволство во мозокот, како и окситоцинот, невропептид поврзан со чувството на задоволство. Ова го прави сексот природен и скоро автоматски „кревач“ на расположението, а придобивките се пренесуваат следниот ден – смета професорот Левит.

Овој позитивен ефект се одржува најмалку 24 часа и се однесува подеднакво за мажите и жените. Заедно уживањето во сексот е важно за секојдневното расположение.

Надвор од работното време, посветете му се на приватниот живот и не читајте ја електронската пошта

Авторите на студијата сугерираат дека работодавачите можат на едноставен начин да влијаат врз рамнотежата на приватниот и деловниот живот на своите вработени, а со тоа и да го подобрат нивното работење. Тие треба да ги охрабрат вработените да „се исклучат“ од деловните обврски додека се дома. Франција неодамна воведе закон со кој се уредува употребата на е-пошта надвор од работното време, давајќи им на вработените право на приватност.

„Современата технологија нуди предизвик на трајна поврзаност, но подобро е да го исклучите инбоксот во приватно време ако е можно“, додава Левит и порачува:  „Работодавачите треба да ги охрабрат вработените да бидат целосно подалеку од работата надвор од работното време“.

 

Извор: krenizdravo.hr