Ова е сурова реалност во која растат Цветановиќ Влајко (5), Кристијан (8). Но, ситуацијата е многу полоша. Во оваа куќа од 19 век, покривот протекува, прозорците се распаѓаат и стаорци шетаат по подот. Понекогаш наидуваат на змии! Нивната куќа се наоѓа помеѓу мал поток и голема шума, во подножјето на Сува планина. Селото за кое станува збор е Долни Душник кај Гаџин Хан. Тие дури и немаат интернет, освен кај еден прозорец. Ги посетила хуманитарната организација „ Срби за Срби“, кои можеби најдобро го опишуваат ужасното секојдневие на ова семејство:
“Влајко, полека! Чувај се, ова ти се единствените чевли!”

Тоа беа зборовите што осумгодишниот Кристијан го упати на својот петгодишен брат, кој трчаше кон нив. Зборови кои ги заледија нивните срца! Во разговорот со овие бистри дечиња тие научиле многу нешта. Иако куќата надвор изгледа голема, тие користат само две соби на кат. Кристијан спие со својот татко, а Влајко со мајка му. До неодамна, тие се капеле во лимено корито, бидејќи немаа бања, па и сега е недовршена.
Од сигурни приходи тие имаат само социјална помош и детски додаток во вкупен износ од 29.000 динари. За жал, таткото Бобан не работи никаде, а имал и повреди.

Немаат многу земја за обработување, па затоа садат компири, пиперки и домати во градината само за свои потреби. Тие имаат проблем со влекачи заради старата и напуштена куќа што е веднаш до нивната. Поради високата влажност, тие се собираат таму и не можат да го решат, бидејќи не е нивно.
На крајот, ги прашале дечињата какви се нивните желби, на што Кристијан одговорил:
„Останавме само со по две играчки. Би сакал да добијам пушка и снајпер, а на брат ми му се допаѓаат помалите играчки како автомобилите“.

Играчките се за радост на децата, но реалните потреби на ова семејство се многу поголеми.
– Никогаш не сме прославиле ниту еден роденден заради условите. Како да ги донесеме деца тука и таванот да им падне на главите? Нема од каде и да купиме или да одиме некаде. За нас би значело многу да ја поправиме оваа куќа или да купиме друга – рече мајка Зорица.
(Телеграф.рс)


