Уште една сообраќајка на патот Штип-Радовиш, во близина на патот кон селото Љуботен – ММС
ММС

Објавено на: 07/12/20 9:05 PM

Уште една сообраќајка на патот Штип-Радовиш, во близина на патот кон селото Љуботен

По сообраќајката која што доцна попладне се случи на патот Штип-Радовиш, на овој пат во близина на патот кон селото Љуботен се случи уште една сообраќајна незгода.

Кон местото на несреќата се упатија полициски возила и возила на итната медицинска помош. Се претпоставува дека учесници и во оваа сообраќајна незгода се мигранти.