Во сообраќајката кај селото Лакавица, повредени се девет лица, седумина се мигранти – ММС
ММС

Објавено на: 07/12/20 9:16 PM

Во сообраќајката кај селото Лакавица, повредени се девет лица, седумина се мигранти

Повредени се седум мигранти и две штипјанки во сообраќајката што доцна попладне се случи на патот Штип-Радовиш, веднаш по штипското село Лакавица.

Според информациите од порпаролката на штипската клиничка болница, Марина Шуманска, штипјанките се со лесни телесни повреди, а мигратите во моментов се на иследување и се распоредени на хируршкото и ортопедското одделение.

Повеќето од мигрантите се со потешки повреди по телото, но по прегледите точно ќе се знае тежината на повредите.

Меѓу повредените нема деца.

Според информациите од портаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова, во сообраќајната незгода учествувале две патнички моторни возила, во едно имало мигранти, неофицијално околу десетина.