Сонцето од Вергина во квадрат над кој е испишан текстот „Никогаш Северна” а под него „Само Македонија” и порака со заканувачка содржина: „Ако нема слобода, ќе има смрт” осамнаа утринава на ѕидот на тунелот во населба Чашка.
Фотографиите на фејсбук профилот ги сподели градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски. Тој напиша и краток текст:
„Лудилото нема граници!
Пред само десетина дена, тунелот на влезот/излезот во населба Чашка беше уреден и бојадисан преку волонтерска акција.
Ова утро граѓаните на населба Чашка го затекнаа повторно уништен и вандализиран , испишан со заканувачки пораки.
Жално и поразително е ова што се случува во 21 век!„
Во дневниот билтен на МВР, од 12 јули 2020 година, овој инцидент не е евидентиран./У.Ј