Првите летечки возила во градскиот сообраќај влегуваат за две години – ММС
ММС

Објавено на: 07/12/20 1:50 PM

Првите летечки возила во градскиот сообраќај влегуваат за две години

По многу години договарање кој ќе го произведе првиот летечки автомобил, сепак Американците беа најбрзи.Стручњаците на  “Urban ajrodajnamiks” го претставија проектот”CityHawk” –прв електричен летечки автомобил кој ќе може да се купи веќе за две години.

За сега се третираат како хелихоптер за богати кои што ќе можат да слетат на улицата пред хотел. Многу богаташи веќе застанале во ред и чекаат.

Судејќи од фотографиите ќе има два водородни резервоари и две нафтени ќелии со помош на електромотор кој ќе може да достигне 939 коњски сили.

Внатрешните ротори доаѓаат од “Fancraft technology” и нивната намена е да ја унапредат стабилноста, брзината , безбедноста и секако контролата над возилото додека го пригушуваат звукот.

-Ќе постојат две верзии. Едната која што ја возите сами и друга која ве вози до саканото место. Автоматскиот пилот е многу сигурен-вели конструкторот Ентони Лојд.

Најголемата брзина се проценува на 201 километар на час и ќе може со едно полнење да помине 161 километар, што не е баш многу далеку, но е замислено за почеток тоа да биде еден вид летечко такси.