Среде емисија му признала дека го изневерувала со 20 години помладо момче- Сопругата на Вил Смит јавно призна неверство – ММС
ММС

Објавено на: 07/12/20 10:47 AM

Среде емисија му признала дека го изневерувала со 20 години помладо момче- Сопругата на Вил Смит јавно призна неверство

Џада Пинкет Смит призна дека била во врска со 20-годишниот рапер Август Алсин, кој е пријател на нејзиниот син. Тоа го стори во своето ток-шоу “Red Table Talk”, во кое го угости нејзиниот сопруг Вил Смит. Актерката откри дека сè се случило кога нејзиниот брак бил во криза.

“Ние се оддалечивме и после тоа влегов во врска со Август. Бев ранлива и скршена”, признала Џада и додаде дека врската траела неколку месеци.

Таа откри дека таа и актерот се обиделе да одвојат сè еден од друг,  за на крајот конечно да сфатат дека тоа не е можно. Кога ја прекинала врската со младиот рапер, таа се помирила со Вил и со години не разговарала со младото момче. И покрај кризата, славната двојка повторно е заедно и тврдат дека негуваат „безусловна љубов“ еден за друг.

„Ќе ти вратам за ова“, рече актерот, на што неговата сопруга одговори:

„Мислам дека веќе ми врати, ја заклучивме таа приказна“.

Со години се шпекулира дека парот Смит има отворена врска и дека тие се обожаватели на оргии.

Извор: espreso.rs

Фото: insider.com