Џада Пинкет Смит призна дека била во врска со 20-годишниот рапер Август Алсин, кој е пријател на нејзиниот син. Тоа го стори во своето ток-шоу “Red Table Talk”, во кое го угости нејзиниот сопруг Вил Смит. Актерката откри дека сè се случило кога нејзиниот брак бил во криза.
“Ние се оддалечивме и после тоа влегов во врска со Август. Бев ранлива и скршена”, признала Џада и додаде дека врската траела неколку месеци.
Таа откри дека таа и актерот се обиделе да одвојат сè еден од друг, за на крајот конечно да сфатат дека тоа не е можно. Кога ја прекинала врската со младиот рапер, таа се помирила со Вил и со години не разговарала со младото момче. И покрај кризата, славната двојка повторно е заедно и тврдат дека негуваат „безусловна љубов“ еден за друг.
„Ќе ти вратам за ова“, рече актерот, на што неговата сопруга одговори:
„Мислам дека веќе ми врати, ја заклучивме таа приказна“.
Со години се шпекулира дека парот Смит има отворена врска и дека тие се обожаватели на оргии.
Извор: espreso.rs
Фото: insider.com


