Архимандрит Партениј во Охрид се хиротонисува во епископ Антаниски – ММС
ММС
фото-OhridNews

Објавено на: 07/12/20 9:46 AM

Архимандрит Партениј во Охрид се хиротонисува во епископ Антаниски

Во древниот храм “Света Софија” во Охрид, се одржува свечена церемонија на која игуменот на Бигорскиот манастир, архимандрит Партениј се хиротонисува во епископ Антаниски.

фото-OhridNews

На церемонијата внатре во духовниот храм присуствува црковниот клир и поканети гости во ограничен број, меѓу кои и претставници на државните и локалните власти предводени од градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.

фото-OhridNews

Поради актуелната состојба, церемонијата се одвива мерки на предострожност. На влезот на присутните им се мери температура, се врши дезинфекција и се делат специјално дизајнирани маски.

OhridNews