Сталоне и Шварценегер настрадаа од полицајците пред Собрание ФОТО – ММС
ММС

Објавено на: 06/18/18 12:56 PM

Сталоне и Шварценегер настрадаа од полицајците пред Собрание ФОТО

На вчерашните протести пред Собранието, македонската полицијата успеа да ги претепа и Арнолд Шварценегер и Силвестер Сталоне.

Двајцата со повреди се сретнаа во болница со македонско знаме во рацете, откако на улица ја бранеа Македонија.

Станува збор за пародична вест инспирирана од фотомонтажата, чиј автор е Мишо Пандиловски. Оригиналната слика е направена во 2012 година кога двајцата актери се сретнаа во болничка соба.

Фотомонтажата следува откако по вчерашните протести (на кои, според обвинителството, со полесни повреди поминаа седум граѓани, а настрадаа и десетмина полицајци) низ социјалните мрежи се креваше тензија за полициска бруталност и се ширеа лажни вести. Меѓу нив, се споделува и фотографија спот за песна на пејачката Северина на која таа е со мондрици, проследена со коментари дека станува збор за жена која е претепана од полицијата синоќа. Се споделуваше и фотографија од пред три години со пензионерка нападната од хулигани во Србија.