Комуналните редари на општина Дојран во текот на вчерашниот ден спроведоа акција , делење флаери со едукативен карактер, со информации за заштита од ковид 19 и за туризмот во Дојран.
Оваа активност е дел од проектот на Здружението на граѓани Профицио.

Здружението на граѓани Профицио во соработка со општина Дојран, а со финансиска поддршка на Програмата на Владата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за мерки за справување со COVID-19 кризата. Проектот е насловен,”Заедно за безбедно лето – информации и насоки за предизвиците и безбедносните протоколи за заштита од ковид-19″.
Профицио и општина Дојран потпишаа меморандум за соработка со цел планирање, организирање и спроведување на активности за информирање, обука и едукација на угостителските работници и жителите на Дојран за предизвиците и безбедносните протоколи за заштита од ковид-19.


