Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне претежно во планинските предели на запад ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој преку ден ќе биде најизразен долж Повардарието.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 13 до 21, а максималната од 27 до 36 степени. УВ индексот ќе биде 8.
Во Скопје слично време со засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 30-тиот степен.
Периодот на стабилно време продолжува и утре. Засилен ветер ќе дува низ целата држава што ќе услови опаѓање на температурата за околу пет степени.