Сакал да покаже дека короната е измама и платил со глава- Тажна приказна на момче од САД – ММС
ММС

Објавено на: 07/11/20 10:37 PM

Сакал да покаже дека короната е измама и платил со глава- Тажна приказна на момче од САД

Пациентот, стар околу 30 години, и кажал на медицинската сестра дека „згрешиле “непосредно пред да умре.

Д-р Џејн Аплби, главен лекар и началник на медицинскиот персонал во болницата во Сан Антонио, ги опиша шокантните последни моменти од животот на младиот човек.

“Непосредно пред да умре пациентот, ја погледнал медицинската сестра и рекол:” Мислам дека згрешив. Мислев дека се работи за измама, но не било така “, се сеќава лекарот.

– Тоа е забава, прават журки со некој кој е заразен, односно некој на кого му е дијагностициран Ковид-19, со идеја да се види дали вирусот е вистински, дали некој ќе биде заразен. – објасни лекарот.

– Не сакам да бидам некој што предизвикува паника, но мора да споделиме со вас неколку примери што ги среќаваме. Ова е реално, ние сакаме да му помогнеме на општеството да разбере дека вирусот е многу сериозен и лесно се шири – додаде таа.

Сан Антонио е едно од најголемите жаришта во Америка, каде короната досега однесе повеќе од 137.000 животи и зарази повеќе од 3.337.000 луѓе.