Кои делови од телото најчесто забораваме да ги заштитиме од сончевите зраци – ММС
ММС

Објавено на: 07/11/20 9:41 PM

Кои делови од телото најчесто забораваме да ги заштитиме од сончевите зраци

Секојдневно мачкање крема  е еден од најефикасните начини за заштита на вашата кожа поради изложеност на сонце, но некои делови од телото се едноставно заобиколени, што не треба да биде така. За тоа предупредуваат и дерматолозите д-р Карен Кембел и д-р Хедер Волли-Лојд, кои ги издвоија деловите од телото што луѓето обично забораваат да ги штитат од сончевите зраци, а на кои треба да се нанесува крема за сончање, пишува Инсајдер.

– Луѓето обично забораваат да ги размчкаат самите рабови на лицето, односно вилицата, пределот на слепоочниците и деловите на лицето близу до коренот на косата – вели д-р Кембел.

Лекарката ги советува нејзините пациенти секогаш да користат крема за сончање со најмалку СПФ 30 заштита и широк спектар, што значи да штити од УВА и УВБ зраци.

„Не ги заборавајте ниту ушите“, предупреди д-р Кембел, додавајќи дека дури и ако го скриете лицето под капа, ушите обично остануваат незаштитени.

– Усните се едно од најкритичните места за развој на рак на кожата – предупредува лекарката. За да ги заштити усните, таа препорачува мелем за усни што содржи СПФ.

Задниот дел од вратот е исто така место што луѓето обично го забораваат. Кога температурите се високи, обично ја кревате косата за да се оладите, така што тој дел останува незаштитен. Дури и кога возите, вратот е често изложен на сончевите зраци.

Но, бидејќи нема да нанесете крема за сончање на темето, носењето капа е најдобриот начин да ја заштитите главата од УВ зраците. Кога нанесувате крема за сончање, не ги заборавајте прстите  на нозе и раце. Кога вашата кожа е изложена на сонце подолг временски период, таа почнува да губи колаген и еластичност, а тоа може да се види особено на прстите.

– Креми за сончање кои содржат цинк оксид или титаниум диоксид обезбедуваат одлична заштита и се корисни за луѓето со чувствителна кожа – рече д-р Волери-Лојд.

Извор: vesti-online.com

Фото: kurir.rs