Меѓу починатите осуммина од Ковид-19 во изиминатите 24 часа е и работник во компанијата за чевли, Баргала од Штип. Штипјанецот бил во тешка состојба и од вчера ставен на респиратор. Починатиот работник го делеа месеци од пензија.
Баргала е една од десетината компании со болни од Ковид 19. По појавта на првите случи, продолжи производствениот процес, освен на една линија, со заболени.
Денеска починатиот работник е втората жртва на смртоносниот вирус од кожаро-текстилната индустрија во Штип. Минатата недела почнина 36-годишен работник во конфекцијата Грандтекс.