Српските туристи избркани од Евија – ММС
ММС

Објавено на: 07/11/20 12:08 PM

Српските туристи избркани од Евија

Сите туристи од Србија на грчкиот остров Евија мораа да го напуштат островот, затоа што локалните жители од страв од вирусот не го сакаат нивното присуство, пишува српски „Novosti“.

Најновата информација која доаѓа од Евија е дека во Србија се враќаат сите туристи, а не само една група. Првично беше наведено дека група српски државјани кој во 14 часот ќе тргнат за Србија не го напуштиле по сопствена волја островот со објаснение дека одбиле карантин.

Имено, најголемиот притисок за да се вратат српските туристи е извршен од грчките пензионери затоа што се плашат од вирусот корона.

Првичната објавена информација беше дека српските туристи се враќаат доброволно затоа што не сакаат да бидат во карантин, а новите информации велат дека всушност тие се избркани од Евија.

Овие вести доаѓаат само еден ден од кога во група на Facebook за туристи во Грција беше објавено дека 85 српски државјани биле тестирани на корона на островот Евија и дека сите биле негативни, односно дека можат да го продолжат одморот во Грција. Сепак, поради неколку позитивни туристи од Србија настана немир помеѓу граѓаните на овој остров.