Парламентарни избори 2020: Димитар Апасиев, носител на листа на Левица во ИЕ1 (видео) – ММС
ММС

Објавено на: 07/11/20 12:36 PM

Парламентарни избори 2020: Димитар Апасиев, носител на листа на Левица во ИЕ1 (видео)

Левица, основана 2015 година, претседател на Президиумот Димитар Апасиев

Акценти од Програмата на Левица за Парламентарни избори 2020

Целосно обештетување на сите стечајци во Република Македонија, преку итно донесување на специјален Закон за материјално обезбедување на стечајните работници во вид на постојан паричен надоместок – до пензија. • Редефинирање на листата на дејности со бенефициран стаж, со вметнување на трудовоинтензивни дејности.

Процесуирање на незастарливите т.н. Хашки случаи од 2001 година (Мавровски работници, Водството на ОНА и др.), како најтешки кривични дела извршени против човечноста и меѓународното хуманитарно право

Ревизија на приватизацијата, со цел отворање правна можност за казнување на ноторните случаи на криминална трансформација на поранешните општествени претпријатија, во периодот на транзицијата.

Закон за потекло на имот на сите носители на јавни функции, од осамостојувањето до денес (1991-2020)!

Поништување на т.н. Преспански договор и бришење на погрдниот назив „Северна“ од Уставот! • Укинување на Охридскиот рамковен договор

Значително намалување на превисоките плати на пратениците и функционерите. • Укинување на привилегиите, патните трошоци и апанажите на избрани и именувани функционери, во сите нивоа на власта:

Воведување двосменска јавна администрација

Декриминализација и легализација на канабисот, воведување прогресивен персонален данок на личен доход (плата, хонорар и сл.), наместо сегашниот рамен данок – со цел богатите да плаќаат повеќе од сиромашните: – до 14.500 денари личен доход, персоналниот данок не се плаќа.