25 години од геноцидот во Сребреница – ММС
ММС

Објавено на: 07/11/20 10:23 AM

25 години од геноцидот во Сребреница

Во Сребреница денеска се одбележуваат 25 години од геноцидот врз Бошњаците.

Поранешниот градоначалник на Општина Сребреница, Чамил Дураковиќ за n1info.com  изјави дека е задоволен од пораките од светските официјални претставници испратени денес од Поточари, а главната е дека де факто и де јуре се случил геноцит во Сребреница. Тој додаде дека „ геноцидот не треба да го признаат, туку да се соочат со него “

–  Геноцидот е докажан на светските судови. Тоа нивно политично и општествено соочување е нивна должност, но тие прават обиди да најдат причина да побегнат од одговорност , дури и самиот градоначалник на општината. Ова е порака дека Сребреница треба да ја води личност која е достојна на оваа општина, рече Дураковиќ, пренесува N1.

Во периодот од 11 до 23 јули 1996 година, припадници на Војската на Република Српска, под команда на генерал Ратко Младиќ, убија над 8.000 босански муслимани, претежно момчиња и мажи на возраст од 12 до 77 години.

Поради зосторствата во  Сребреница до сега се осудени вкупно 47 луѓе на повеќе од 700 години затвор, а изречени се и четири доживотни казни, меѓу кои и за Младиќ, чија пресуда не е правосилна и за поранешниот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ.

Хашкиот трибунал првата пресуда во која масакрот во Сребреница ги окарактеризира како геноцид, ја изрече за поранешниот генерал на Војската на Република Српска, Радослав Крстиќ во 2001 година.Тој правосилно е осуден на 35 години затвор поради помагање и учество во геноцид.

 

Фото : Википедија