Инфлуенсерката Арина Шумакова предизвика бес кај луѓето што ја следат на социјалните мрежи откако за време на пандемијата со коронавирусот замина во посета на седумдесет и шестгодишна старица која целиот живот го поминала во Сибир, далеку од цивилизацијата.
Старицата, Агафија Ликова е последниот жив член на нејзиното семејство кое во 1936-та година одлучило да живее во шума бегајќи од прогонот на Сталин. Ликова таму и се родила, па нејзиното живеалиште било непознато се’ додека геолозите не го забележале случајно.
Поради тоа што ја изложила старицата на опасноста од коронавирусот, инфлуенсерката се соочи со низа критики.
Видео снимките од посетата таа ги објави на социјалните мрежи, а поради ваквото патување би можела да заврши и на суд.
https://www.instagram.com/p/CCQYv4sKhWO/?utm_source=ig_web_copy_link
Шумакова до живеалиштето на старицата допатувала со хелокоптер.