„Злите луѓе се насекаде. Некој сака да ме убие“- Објавена содржината на тајниот дневник на Мајкл Џексон и неговата најголема желба – ММС
ММС

Објавено на: 07/10/20 9:13 PM

„Злите луѓе се насекаде. Некој сака да ме убие“- Објавена содржината на тајниот дневник на Мајкл Џексон и неговата најголема желба

Објавени се содржините на тајниот дневник на Мајкл Џексон и неговата најголема желба: „Злите луѓе се насекаде“

Новата книга “Bad: An Unprecedented Investigation Into the Michael Jackson Cover-Up” открива досега непознати детали за животот на Мајкл Џексон. Покојниот крал на поп, како што го нарекоа, и еден од најуспешните пејачи на сите времиња Мајкл Џексон беше опседнат со идејата да стане бесмртен, тоа беше откриено во новата книга објавена деновиве од истражниот новинар Дилан Хауард. Во извадоци од книгата “Bad: An Unprecedented Investigation Into the Michael Jackson Cover-Up”, беа објавени белешки од дневникот  кои ги напишал Мајкл, според кои тој беше уморен од размислување за тоа како да стане вечен, како што се Чарли Чаплин или Волт Дизни.

Покрај тоа, се чини дека тој бил постојано фокусиран на идејата да стане првиот мултимилионерски актер и режисер затоа што според неговиот таен дневник што го чувал, евидентно е дека тој планирал да оствари неделен профит од дури 20 милиони американски долари. И за тој да успее, размислуваше да одржи концерт во Cirque du Soleil и да склучува договори со брендови како што е Најк. Тој, исто така, сакал да направи римејк на филмовите “20.000 Leagues Under the Sea” i “The 7th Voyage of Sinbad”, а исто така сакал да ангажира човек кој добро ја разбира трговијата.

„Ако не се концентрирам на филмот, нема бесмртност“, напишал Мајкл на страниците на своите белешки објавени во споменатата книга. Покрај тоа, тој напишл во мрачен тон за своите стравови дека некој сака да го убие и дека има чувство дека некој планира да го уништи.

„Се плашам дека некој се обидува да ме убие. Злите луѓе се насекаде. Тие сакаат да ме уништат и да ја земат мојата издавачка куќа. Системот сака да ме убие заради мојот каталог. Јас не го продавам тоа“, напишал тој.

Според авторот Хауард, книгата е дизајнирана да даде интимен увид во умот на суперерствездата како зависник, бидејќи се подготвувал повторно да ја започне кариерата за последен пат и да ги исплати долговите, кои се натрупувале од ден на ден.

Мајкл почина во 2009 година на 50-годишна возраст додека се подготвуваше за неговата турнеја  “This Is It”, од последица на предозирање на пропофол и бензодијазепин што му ги давал неговиот личен лекар Конрад Мареј.

Пред и по неговата смрт, тој беше обвинет за злоупотреба на деца, а најновите обвинувања излегоа во бизарната документарна серија “Leave Neverland” од авторите  Wadea Robsona i Jamesa Safechucka.