Хендерсон аут до крајот на сезоната – ММС
ММС

Објавено на: 07/10/20 6:24 PM

Хендерсон аут до крајот на сезоната

Капитенот на шампионот Ливерпул, Џордан Хендерсон, ќе го пропушти остатокот од сезоната во Премиер Лигата поради повреда на коленото, потврди на денешната прес-конференција Јурген Клоп.

Во победата од 1:3 против Брајтон во последното коло, Хендерсон беше приморан да го напушти мечот откако почувствувал болки во коленото, по судирот со средњакот на Брајтон, Бисума.

-Се работи за повреда на коленото, сета среќа нема потреба од операција. Во секој случај, Хендерсон ќе ги пропушти последните мечеви од оваа сезона. Сепак сум позитивен дека капитенот ќе биде целосно подготвен за почетокот на следната, изјави Клоп.

Ливерпул го пречекува Барнли на „Енфилд Роуд“ утре од 16:00 и се надева дека со победа ќе се приближи до 100 поени во Премиер Лигата.