Врховниот суд на Турција ја поништи одлуката на Советот на министри од 1934 година со која џамијата Аја Софија беше претворена во музеј, пренесува „Ал Џазира Балканс“.
Претседателот Реџеп Таип Ердоган предложи да се врати статусот на знаменитоста заштитена од УНЕСКО во џамија.
Идејата за ваквиот потег ги алармираше американските, руските и грчките власти, но и православната христијански заедница во очи на пресудата од Вишиот управен суд кој првото рочиште го одржа претходниот четврток.
Како што пишува „Ал Џазира Балканс“ под знак прашалник е и законитоста на одлуката од 1934 година со која се претвори во музеј оваа античка градба.
„Света Софија“ е довршена во 537 година во времето на царот Јустинијан во тогашен Константинопол, престолнината на Визанитското царство. Во следните 900 години била најголемиот христијански соборен храм до падот на градот под Османлиската империја во 1453 година, кога е претворена во џамија.
Творецот на современата турска држава Мустафа Кемал Ататурк во 1935 година ја пренаменува во музеј, кога по указ на владата повторно се откриени фреските и живописите. Таа одлука турскиот совет ја оспорува правно, а претседателот Реџеп Тајип Ердоган го поддржува претоврањето на оваа знаменитост под заштита на УНЕСКО повторно во џамија, а недоамнешните анкети покажуваат дека со тоа се согласува мнозинството во Турција која сѐ повеќе го губи секуларниот карактер.