Во текот на денешниот ден во Велес се регистрирани три новозаболени од Ковид-19, еден оздравил, а 38 случаи се активни.
Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски денешната прес-коференција по одржаната 20 седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување информира дека здравствените институции од градот и претставниците на ОШЗС оцениле дека состојбата со Ковид-19 во Велес и Велешко е стабилна, но ризиците се големи и апелира граѓаните да бидат крајно претпазливи.
Коцевски информира дека на Инфективното одделение при Општа болница во Велес хоспитализирано се 15 пациенти, од кои 14 позитивни и едно лице за кое се чекаат резултати. Четворица од нив се од село Јаболчиште и 11 се од Велес, двајца од нив се наоѓаат на кислородна подршка, а останатите се во стабилна состојба.