Оживејте ја страста со помош на овие Фенг шуи правила – ММС
ММС

Објавено на: 07/10/20 9:47 PM

Оживејте ја страста со помош на овие Фенг шуи правила

Правилата од древниот кинески систем Фенг шуи може да се применат во сите области од животот, па и во љубовните врски се разбира. Луѓето што ги применуваат овие правила веруваат дека најдобар начин за да се привлече љубовта е да се направи промена во околината што ги опкружува. Прочитајте кои се седумте најважни совети што ќе ви помогнат да ја привлечете љубовта, но и да ја задржите страста во врската или бракот.

Уметничката работа значително влијание на нашата посвест. Кога ќе се опкружите со фотографии и уметнички слики постепено ќе почнете да се прилагодувате на таквата визија. Она што е важно, е на таквите фотографии и слики да има насмеани лица, бидејќит тоа ќе ве направи поотворени за љубов.

Креирајте распоред за седење на парови. Едноседите праќаат гласна и јасна порака – тргни се! Поради тоа, ако барате љубов креирајте распоред за седење што ќе биде прилагоден на романтиката што им е потребна на сите парови. Креветите и столовите разместете ги на начин кој ќе испрати сигнал дека сте спремни за чекор напред во вашата врска.

Исфрлете го телевизорот од спалната соба.  Ништо не ја убива романтиката како гледањето телевизија доцна во ноќта. Ако имате проблем со спиењето обидете се да читате љубовна поезија или романи. На тој начин, потсвесно ќе создадете виртуелен љубовен магнет.

Старите перници со навлаки со детски дизајн нема да го направи вашиот љубовен живот интересен. Набавете свилена или сатенска постелнина, за да создадете страст во креветот.

Топлите бои може да го оживеат вашиот љубовен живот, со тоа што ако сакате повеќе нежност треба да се одлучите за посветли нијанси ( на пример светло розова), а доколку се одлучите за бордо  тоа ќе биде повик за партнерот да ја открие вашата страствена страна.

Подгответе се за друштво. Дури и да живеете сами, оставете слободно месо во плакарот и купете нова четка за заби. На тој начин ќе манифестирање волја за делење на просторот со уште некој, што ќе го освежи вашиот романтичен потенцијал.

Спалната соба го претставува и вашиот романтичен живот, па затоа во неа не треба на видно место да имате фотографии од вашите родители. Ако сте во брак и имате деца, нивните играчки и цртежи исто така треба да бидат надвор од оваа соба, што секако не значи дека немате почит кон семејството.

 

Извор: covermagazin.com