Врховниот суд на САД пресуди дека половина од сојузната држава Оклахома им припаѓа на Индијанцие. Пет од деветте судии гласале вчера за источниот дел на државата, вклучувајќи го и неговиот втор најголем град Тулса, за да биде признаен како дел од резерват.
Целиот случај бил инициран пред судот од Џими Мек Гирт, кој бил осуден во 1997 година за силување девојче, пишува Би-Би-Си, а пренесува „Индекс.хр“.
Пресудата, која е поволна за Гирт, значи дека некои племенски членови прогласени за виновни во државните судови за дела извршени во областа утврдена со оваа одлука, сега можат да ги оспорат своите претходни пресуди.
Племенските членови кои живеат во тие граници може да бидат ослободени од државните даноци, а само сојузните обвинители ќе имаат право да ги гонат Индианјците обвинети за кривични дела во тој дел на Оклахома.
Конзервативниот судија Нил Горсух, назначен од американскиот претседател Трамп, застана пред четворицата либерални судии и се повика на „Патеката на солзите“, присилно преместување на домородци во 19. век од Оклахома.
Американската влада во тоа време вети дека новата земја засекогаш ќе им припаѓа на племињата.