Кање Вест, американскиот рапер кој сака да се кандидира за претседател на САД, тврди дека вакцината против коронавирусот може да ги спречи луѓето да влезат во рајот, иако тој и самиот во февруари бил позитивен на Ковид-19.
Вест открива дека тогаш се чувствувал настинато и се тресел во креветот. Но, неговото искуство не му го променило мислењето за вакцината. Раперот, кој најави дека ќе се кандидира за претседател на САД, смета дека потенцијалната вакцина е „знак за ѕверот, на ѓаволот, Сатаната“.
„Сакаат да стават чип во нас, сакаат да работат секакви работи. Жал ми е што велам ’тие’, тоа се луѓето кои имаат ѓавол во себе“, вели раперот.
На прашањето за лекот, Вест вели: „За се’ одлучува Бог. Мора да престанеме да работиме работи што го лутат Бог“.