Научник покажа што се случува кога ќе ставите заштитна маска – ММС
ММС

Објавено на: 07/10/20 10:06 AM

Научник покажа што се случува кога ќе ставите заштитна маска

Поради панедимјата на коронавируот, луѓето низ светот почнаа да носат хируршки маски маски за да се заштитат од заразата. Во многу земји носењето заштитна маска е обрска за во затворен простор, но многу луѓе не се задоволни од тоа. Додека некои во носењето маска гледаат сигурност, други ја сметаат непотребна и одбиваат да ја носат и покрај препораките.

За да покаже како функционираат маските, научникот Бил Није одлучи на својот Тикток-профил да ги тестира и да сподели совет.

„Маските спречуваат заразните честички од дишниот систем да дојдат во воздухот, а потоа и во вашиот дишен систем. Шалот, на пример, не е добра замена за маската“, објаснува научникот.

Веднаш потоа со шал ја прекрива устата и дува во свеќа, која веднаш се гаси, што, според него, е доказ дека шалот никако не може да ја замени маската. Потоа зема двослојна шиена маска и ја става на лице. Кога се обидува да ја изгасне свеќата, нејзиниот пламен одвај малку трепнува.