Уште еден вработен во „Дрекслмајер“ позитивен на Ковид 19 – ММС
ММС

Објавено на: 07/10/20 8:58 AM

Уште еден вработен во „Дрекслмајер“ позитивен на Ковид 19

Педесет и пет годишен кавадарчанец е позитивен на Ковид 19, потврдија од Центарот за јавно здравје Кавадарци.

„Лицето е на домашно лекување, а е вработено во „Дрекслмајер“. По пројавените симптоми е извершено тестирање и резултатот е позитивен. “ рече епидемилогот д-р Ристе Јовановски.

Се работи на утврдување на неговите контакти.

Ова е трет случај на вработен во „Дрекслмајер“ од почетокот на епидемијата. Во Кавадарци има дијагностицирано вкупно 23 лица, активни се 17 случаи.