Четворица маскирани под закана со нож украле пари од маркет – ММС
ММС

Објавено на: 06/18/18 10:19 AM

Четворица маскирани под закана со нож украле пари од маркет

Вчера во 22 часот во маркет на улицата „Штипска“ во Тетово четири непознати маскирани лица извршиле разбојништво.

Сторителите со закана со ножеви од вработените ги одзеле парите од дневниот промет и побегнале во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

 

Преземено од: ПлусИнфо