Јужнокорејската полиција синоќа соопштила дека по седумчасовна потрага го пронашла телото на исчезнатиот градоначалник на Сеул, Парк Вон-сон. Тоа било лоцирано на ридот Бугаг во јужниот дел на главниот град на Јужна Кореја, каде што за последен пат бил детектиран сигнал од неговиот мобилен телефон.
Потрагата почнала откако ќерката на Парк ја известила полицијата дека тој го напуштил домот, оставајќи гласовна порака која наликувала на тестамент. Парк вчера воопшто не се појавил на работа, а претходно ги откажал закажаните состаноци.
Шеесет и четиригодишниот Парк беше избран за градоначалник во 2011, а минатата година го освои третиот и последен мандат. Беше член на Демократската партија, а се споменуваше и како можен кандидат за претеседателските избори во 2022 година.