Луксузен хотел – воз сместен на мост нуди поглед кон дивиот свет (ВИДЕО) – ММС
ММС

Објавено на: 07/9/20 7:10 PM

Луксузен хотел – воз сместен на мост нуди поглед кон дивиот свет (ВИДЕО)

Луксузен хотел во Јужна Африка нуди на гостите спиење на мост. Станува збор за хотел кој е всушност паркиран воз на железничка пруга (на мост).

Хотелот е сместен во близина на кампот Скукуз во Националниот парк Кругер, во кој слободно се шетаат лавови, леопарди, носорози, слонови и африкански биволи.

Секоја соба од хотелот или возот е дизајнирана од локални уметници, а на гостите им е достапна и посебна кујна и базен.

Во хотелот можат да престојуваат постари од 12 години, а до 2022 година ќе бидат изградени уште неколку соби за семеен престој.

Хотелот е сместен во близина на кампот и во рамки на Националниот парк Кругер, во која туризмот постои веќе стотина години.

Низ историјата возовите на долги релации во текот на ноќта се паркирале на истото место каде што сега е сместен хотелот. Мостот Селати има историско значење, и се наоѓа на реката Саби.

Возот – хотел располага со 24 часовни луксузни соби и секоја има поглед кон реката и паркот, едно ноќевање чини околу 520 долари.

Датумот на отворањето на хотелот не е познат, но се верува дека првите гости се очекуваат кон крајот на оваа година.

Преземено од: https://www.vesti-online.com/