Некои луѓе се навистина подложни на каснувања од комарци, но не затоа што имаат „слатка крв“.
Лесна и светла облека може да помогне во спречување од убод на комарец, бидејќи облеката со темна боја се истакнува во видеокругот на комарецот.
Генетиката е главниот фактор за да привлечете комарец, а поради одреден мирис на нашето тело кој го лачиме низ нашата кожа или уста, тие се повеќе ќе се најдат во нашата близина. Според истражувањата постојат четири групи на луѓе кои им се привлечни на комарците.
Трудници
Комарците користат јаглен диоксид кој го издишуваме за да ја најдат својата мета.
„Трудниците испуштаат повеќе CO2 што ги прави подобра мета за убод. Комарците можат да почувствуваат и внатрешна температура, што е поврзано со трудниците“, смета инфектологот Др Сујаи Дута.
Алкохол
Повеќето луѓе во летниот период сакаат да пијат пиво, но внимавајте затоа што алкохолот ги зголемува шансите за да бидете каснати од комарец.
Научниците се уште немаат сознанија зошто комарците ги привлекува алкохолниот пијалок, но некои веруваат дека консумирањето на алкохол може да ја зголеми вашата внатрешна температура.
Спортисти
Комарците сакаат пот. Ги привлекува хемикалијата која ја пронаоѓаат во пота, поради тоа бидете подготвени ако планирате спортска активност на отворено.
„Ако сакате да бидете активни на отворено треба да одржувате правилна хидратација со цел да ја намалите количината на хемикалии во пота“, вели Др Дута.
Луѓето со „0“ крва група
Крвнатан група е важен фактор кој ќе го зголеми ризикот од убод на комарец. Во 83 отсто од случаите комарците ќе слетаат на луѓето со „0“ крва група.
Луѓето со крвна група „А“ имаат најмали шанси да бидат каснати од комарец.
Што може да направите за да спречите убод од комарец?
Може да купите различни препарати против комарци, да ставите спирала која ги брка комарците ако сте на отворено или да користите таблети против комарци ако сте во затворен простор.
Преземено од: http://rs.n1info.com/