Не слушајте ги оние кои ви велат дека не можете да успеете! – ММС
ММС

Објавено на: 07/9/20 8:40 PM

Не слушајте ги оние кои ви велат дека не можете да успеете!

Тешко е да се почне сопствен бизнис. Тешко е да се најде соодветна работа, да се успее во кариерата и да се напредува. Многумина се борат и едвај преживуваат. Сите овие реченици секојдневно ги слушам во разговор со останатите. Тоа е тема на разговор на работни состаноци, на семејни средби, па и на дружби со пријателите. Секој ден можеме да добиеме по една потврда за своето размислување. Често слушаме дека некој добил отказ или дека залудно отишол на разговор за работа. Слушаме дека бизнисите пропаѓаат, додека луѓето се борат и слабо заработуваат. Веруваме дека на многумина им е тешко па очекуваме и нам да ни се случи такво нешто – пишува  Елвира Милвиќ Будеш, консултантка за развој на деловни вештини.

Можеби ви кажале дека не постои поголем успех од оној што го постигнале вашите родители, можеби и професорите ви велеле дека нема да имате шанси на пазарот на труд. Многумина можеби биле гласни, оправдувајќи го така своето незадоволство или својата лоша позиција. Некои едноставно биле и самите изгубени, па не можеле да поднесат некој околу нив да трага по сопствената среќа. Тешко е да се биде несреќен и ништо да не се презема тогаш кога ќе воочите дека некој се осудил да помисли дека постои друга вистина – вели Милвиќ Будеш советувајќи да не ги слушате оние кои тврдат нека невозможно е да успеете.

Размислете кој ви рекол дека не постои подобро утре, дека нема да имате доволно прилика или доволно ресурси за сѐ? Кога ќе почнете пред самите себе да ставате ограничувања, сетете се кој тоа ви објаснил дека тие постојат. Од кој сте го чуле тоа првпат? Клучното прашање што треба да си го поставите е дали тие луѓе кои ви го зборувале сето тоа, всушност биле среќни? Доколку одговорот е не, тогаш зошто да слушате совети од некој што не е мајстор за подучување?

Само остварени личности можат да ви кажат дали и колку  е тешко односно едноставно да се премине од незадоволство кон задоволство. Оној што не бил ниту во едната ниту во другата ситуација не знае како изгледа патот до успехот… Нема смисла да ги слушате оние кои самите себе се изгубиле и се’ уште се тражат обидувајќи се да ги учат другите.

 

Извор: femina.hr