Од тетовскиот регион само 69 лица кои се во изолација се пријавени за гласање – ММС
ММС

Објавено на: 07/9/20 3:59 PM

Од тетовскиот регион само 69 лица кои се во изолација се пријавени за гласање

Само 69 лица кои се во изолација се пријавени за гласање. Оваа бројка говори дека мал е интересот за гласање на лица кои се дијагностицирани од КОВИД 19.


Иако има над 700 лица кои се во изолација а 343 се сеуште потврдени како активни случаи на коронавирус, само 69 лица се пријавиле во Државната изборна комисија дека сакаат да гласаат. Но оваа мала бројка сепак е најголема, споредбено со другите градови во Македонија.

-До Општинската изборна комисија преку полномошник доставени се 23 барања за КОВИД или самоизолација и 46 барања се доставени преку онлајн страницата на ДИК, или вкупно 69 лица кои се во самоизолација покажале интерес за гласање, рече Артан Адеми претседател на ОИК Тетово.

Граѓаните поделени во нивните ставови во однос на гласањето на престојните избори закажани на 15 јули.

-Јас сум дојден од Швајцарија и ќе гласам. Но тука е состојбата е загрижувачка гледате никој не носи маски се плашам, но се надевам дека нема така да биде на денот на изборите, рече еден иселеник. Друг жител додаде дека воопшто нема да излезе на гласање, затоа што се плаши од вирусот. 

Инаку состојбата со коронавирусот и натаму е загрижувачка. И денеска бројката на позитивни случаи во тетовскиот реион е двоцифрена, односно во последните 24 часа се евидентирани нови 26 лица заразени со КОВИД 19.

Зоран Димовски