Министерството за внатрешни работи информира дека вчера околу 22.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека помеѓу првиот и вториот кат од прозорецот на хотел – државен карантин во Скопје бил забележано чаршав, кој бил врзан како импровизирано јаже.
– По проверка во собите од полициски службеници од СВР Скопје било констатирано дека во две соби ги нема А.Ј.(22) и А.Б.(24), двајцата од Турција, кои на 03.07.2020, врз основ на наредба, а во врска со кривичното дело ,,криумчарење мигранти“, од Полициска станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица биле спроведени во државен карантин, поради позитивен тест на ковид – 19 кај едно од лицата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се вели во соопштението на МВР.