Министерството за внатрешни работи информира дека на 08.07.2020 околу 11.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на бул.„Туристичка“ во Охрид бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од К.М.(33) врз М.Л.(23), двајцата од Охрид.
– К.М., иако имал решение од Државниот здравствен инспекторат за одредена мерка „изолација“, го напуштил својот дом и управувал патничко возило по бул.„Туристичка“, со кое му го блокирал патот на М.Л., по што физички го нападнал, се вели во соопштението од МВР.
По целосно документирање на случајот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.